Македонија
16. May 2016 - 10:25

Во Скопје викендов 35 сообраќајки, 19 повредени

Двајца пешаци и возач на модеп се тешко повредени, а 16 лица се здобиле со полесни повреди во 11 од вкупно 35 собраќајни несреќи што се случиле во изминатите три дена во Скопје. 

Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на 15 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобил возач на мопед, во четири полесно се повредени седум лица, а 10 се со последица материјална штета.

Како што информира за МИА, Сашо Дамјаноски, главен инспектор,  завчера се регистрирани седум сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, а во две  полесно се повредени три лица. Од 12  евидентирани сообраќајки вчера, пак, во една сообраќајка двајца пешаци се тешко повредени,  во три сообраќајки незгоди шест лица се здобиле со полесни повреди, а седум  сообраќајки биле се со последица материјална штета.

Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција санкционирала 84 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 32 возеле дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, еден возач не ги почитувал правилата за првенство на минување на возилата во зона на крстосница, седум  поминале на црвено светло на семафор, а 12 возачи не користеле сигурносен појас или користеле мобилниот телефон.

Затекнати се и 26 нерегистрирани возила, седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор и двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 84 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.