Во Скопје викендот се случиле 30 сообраќајки, повредени 17 лица
Шест лица се здобиле со потешки повреди, а 11 се полесно повредени во 13 од вкупно 30 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Повредени биле еден возач на мопед, еден возач, двајца сопатници на патнички возила и двајца велосипедисти. Во 17 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај се исклучени 232 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, 39 кои биле под дејство на алкохол, 62-ца пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и пет возачи почетници.
Сообраќајната полиција издала 144 казни за непрописно паркирање, 53 за нерегистрирани возила и една казна за претовар. Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 103 возила.
Санкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз подалеку од пешачки премин, 12 кои поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четири возачи за неправилно престројување и седум за неправилно престигнување.
За време на викендот сакционирани се и 22 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле, 13 возачи кои не носеле сигурносен појас и 44 возачи на мопед, мотор и мотоцикл кои не носеле заштитен шлем.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО