Македонија
17. May 2021 - 14:07

Во Скопје вчера санционирани 93 возачи на мотоцикли

Во Скопје вчера биле санкционирани 93 возачи на мотоцикли. Од нив, 41 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, 28 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР потсетуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.