Во Скопје вчера 8 сообраќајки, тројца полесно повредени
На подрачјето на градот Скопје вчера се случиле осум сообраќајни незгоди, во кои со полесни повреди се здобиле три лица.
СВР - Скопје денеска соопшти дека во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци меѓу кои четворица возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол, тројца возачи поминале на црвено светло на семафорот, а осум возачи биле возачка дозвола. Откриени се и осум нерегистрирани возила и 85 биле непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 69 возила.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе бидат реализирани едукативни работилници во детската градинка „Росица“ објект Детелинка, кој се наоѓат на подрачјето на општина Ѓорче Петров.
Во текот на вчерашниот ден Отсекот за превенција реализирал сообраќајна поука на тема „Безбедност на пешаците“, на која присуствувале граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација