Македонија
25. February 2016 - 8:44

Во Скопје вчера 4 сообраќајки, еден повреден, 34 возачи санкционирани

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно четири сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

Сообраќајната полиција вчера открила и санкционирала 34 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзина на движење. Четиринаесет возачи не ги почитувале правилата за првенство на минување на возилото во зона на крстосница, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. Шест возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, односно не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 23 возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство возачи.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во основните училишта „Климент Охридски“ и „Петар Здравковски Пенко“ кои се наоѓаат во општина Бутел, со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.