Македонија
11. September 2021 - 9:51

Во Скопје вчера 238 сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи вчера во засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Град Скопје изрече вкупно 238 мерки, меѓу кои 43 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 11 за возење без возачка дозвола и 93 прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се и шест мерки за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 54 за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека и во следните денови продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.