Македонија
9. August 2016 - 10:23

Во Скопје вчера 11 сообраќајни несреќи

Сообраќајната полиција вчера во Скопје и околината извршила увид на 11 сообраќајни несреќи. Едно лице имало тешка телесна повреда, а во една сообраќајка се констатирани полесни повреди кај учесниците. Во девет сообраќајни несреќи е констатирана материјална штета.   

Од страна на сообраќајната полиција во изминатите 24 часа при проверка, откриено е едно лице кое управувало автомобил без возачка дозвола, едно е санкционирано заради непропуштање на пешаци, а уште едно заради необновување на регистрација.