Македонија
4. August 2017 - 9:13

Во Скопје шест сообраќајки, тројца полесно повредени

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди во кои полесно се повредени три лица.

Во текот на изминатото деноноќие од страна на сообраќајната полиција откриени се 16 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, осум поминале на црвено светло на семафорот, 11 не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а 16 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 58 непрописно паркирани возилa.