Македонија
28. January 2018 - 15:00

Во Скопје - Север повторно каменуван патнички воз

Синоќа околу 19.00 часот било пријавено дека истиот ден околу 17.00 часот, во близина на железничката станица Скопје- Север, од страна на засега непознати лица било извршено каменување на патнички воз број 660 кој се движел од Скопје кон Кичево.
 
Од каменувањето било искршено едно прозорско стакло на возот.
 
Нема повредени лица.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.