Македонија
11. November 2019 - 10:47

Во Скопје санкционирани 96 возачи што управувале возила со брзина поголема од дозволената

Во текот на 08, 09 и 10.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 96 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 132 возачи, од кои: 64 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 60 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и осум возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 42 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 17 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, три возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, шест возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 21 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 206 мандатни платни налози, а 141 возило е подигнато со специјално возило пајак.