Во Скопје санкционирани 48 возачи за пребрзо возење, тешко повреден патник во автобус
Патник во автобус се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно 14 сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во осум со полесни повреди се здобиле 12 лица. Во пет била причинета само материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 48 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, тројца почетници, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престројување, шест возачи за неправилно престигнување, 17 возачи за не носење заштитен шлем, шест возачи за не користење сигурносен појас и тројца возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Санкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.
Од сообраќај биле исклучени 15 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 74 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 69 возила
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела