-->
-->
Во Скопје санкционирани 213 возачи, 23 за возење без возачка дозвола
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на град Скопје изрече вкупно 213 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 23 санкции, 14 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 25 за користење на мобилен телефон.
Изречени се осум санкции за минување на црвено светло, пет за непочитување на брзината на движење, 45 мерки за непрописно паркирани возила и седум за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари