Во Скопје санкционирани 135 возачи што управувале возила со брзина поголема од дозволената
Во текот на 10,11,12 и 13.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 135 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 105 возачи, од кои: 51 возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 54 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 56 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се 15 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шест возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, 17 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во текот на изминатитеденови издадени се 164 мандатни платни налози.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море