-->
-->
Во Скопје првенство за млади во шах
-->
Во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје денеска ќе се одржи Првенството на Скопје во шах за млади.
Првенството се одржува во три категории: за ученици од прво до петто одделение од основните училишта, за ученици од шесто до деветто одделение и за ученици од средните училишта.
Турнирите се играат по швајцарски систем од девет кола. Темпо на игра е 10' + 05" по играч (10 минути со додаток од 05 секунди за секој одигран потег).
Натпреварите ќе ги водат шаховски судии, одговорни за регуларноста и правилата од Шаховската федерација на Македонија и Шаховскиот сојуз на Град Скопје.
Најдобрите на трите турнири ќе бидат наградени за прво место - таблет, пехар, медал, диплома, за второ и за трето место медал и диплома.
Предвидени се и специјални награди за најдобро пласираните девојчиња на трите турнири.
Покрај награди за учениците ќе бидат доделени и три награди (таблети) за менторите на учениците кои ќе ги освојат првите места на трите турнири.
Шахот има за цел да ја развие мислата и концентрацијата на децата, како спорт кој делува на психичкиот развој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче