Македонија
10. December 2020 - 15:51

Во Скопје повредено дете откако татко му го удрил со автомобил

Вчера околу 17,48 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било донесено повредено дете, соопштуваат од МВР.

Полициски службеници извршиле разговор со М.Ф.(30) од Скопје, татко на детето, кој појаснил дека околу 11,00 часот сакал да излезе со своето патничко моторно возило “голф“ од неговиот двор, но додека се враќал наназад, не забележал дека со задното десно тркало го удрил неговиот син.

Кај детето биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.