Македонија
2. August 2021 - 8:46

Во Скопје почувствуван земјотрес, епицентарот 28 километри северозападно од градот

Земјотрес беше почувствуван синоќа во Скопје. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML3.3, а од граѓаните на главниот град и околината бил почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 23 часот и 07 минути го регистрираше земјотресот.

Епицентарот се наоѓал 28 km северозападно од Скопје во соседното епицентрално подрачје Урошевац – Витина, Република Косово.