Македонија
14. April 2016 - 17:12

Во Скопје одбележани 55 години од летот на Гагарин во вселената

Одбележана 55-годишнината од првото полетување на човекот во вселената .

На 12 април 1961 година 27 годишниот руски космонаут Јуриј Гагарин со вселенскиот брод Восток-1  полетал во вселената, и за само 108 минути ја облетал Земјата.

Настанот истовремено се одбележува  во Русија и во многу други земји од целиот свет.

По повод  јубилејот  беше приредена изложба со фотографии од првиот лет на Гагарин и краток филм .  Делегација на Руската амбасада  и од општина Карпош положија цвеќе  на споменикот  на Јуриј Гагарин, а по  повод  годишнината присутните  симболично пуштија 55  сини балони.

Споменикот на Јуриј Гагарин беше  поставен пред една година на истоимената улица  во паркот Македонија