Во Скопје ноќеска 18 возачи под дејство на алкохол
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 24/25.11. 2018 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 180 возачи, a кај 18 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 53 мерки . Исклучени се 18 возачи од сообраќај, времено се одземени 17 возачки дозволи, издадени се 18 мандатни платни налози, откриени се 55 останати прекршоци за кои се издадени 40 мандатни платни налози и 15 прекршочни платни налози.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно