Македонија
4. јуни 2023 - 11:39

Во Скопје изречени 50 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречени се 50 санкции за брзо возење и 12 санкции за возење под дејство на алкохол. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека изречени се вкупно 140 мерки меѓу кои и 11 за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикл, три санкции за возачи почетници.