Во Скопје изминатото деноноќие 12 сообраќајки, четворица полесно повредени
Четири лица се полесно повредени во три сообраќајни незгоди од вкупно 12 сообраќајки што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во девет сообраќајки е причинета материјална штета.
Според билтенот на СВР Скопје, 23 возачи возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 12 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување на мотороно возило. Од сообраќај се исклучени и осум нерегистрирани возила.
Сообраќајната полиција издала 60 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 35 возила.
На црвено светло поминале пет возачи, а тројца не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин. Пет возачи не носеле сигурносен појас, а 12 користеле мобилен телефон додека возеле.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари