Во Скопје изминатото деноноќие 11 сообраќајки, четворица повредени
Четири лица биле полесно повредени во четири од вкупно 11 сообраќајни незгоди што вчера се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 12 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол, 13 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца почетници. Исклучени се и 11 нерегистрирани и едно технички неисправно возило.
Санкционирани биле 30 возачи за неноселе сигурносен појас и 19 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле. Сообраќајната полиција санкционирала и пет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи за неправилно престројување, шест возачи за неправилно престигнување и двајца возачи за не давање првенство на минување на возилата во зона на крстосница,
Затекнати биле 100 непрописно паркирани возила, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 75 возила.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите