Во Скопје Генерално собрание на енергетските регулаторни тела членки на ЕРРА
Генерално собрание и состаноци на Комитетот за цени и тарифи и Комитетот за лиценцирање и конкурентност на Регионалната асоцијација на енергетските регулатори (ЕРРА), во која членуваат независни регулаторни тела на земји од Европа, Азија, Африка, Јужна и Северна Америка, денеска и утре се одржува во Скопје во организација на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
-Годинава имаме чест да го организираме Генералното собрание на едно од најголемите светски здруженија на регулаторни тела, а воедно денеска и утре ќе се одржат и повеќе состаноци на работните комитети кои функционираат во рамките на ЕРРА. РКЕ членува во ЕРРА од 2004 година и досега е еден од најактивните членови, а во овој момент имаме и претседавач на една од работните групи кои работата на ценовната регулатива и на тарифите, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски на паузата на Генералното собрание.
Тој посочи дека членувањето и состаноците на ЕРРА даваат одлична можност за соработка на повеќе теми со регулатори од Европската Унија и од земји кои се надвор од Европа, но кои, посочи, имаат интересен пристап за решавање на соодветни регулаторни прашања.
-Во 2019 година РКЕ повеќе ќе се посвети на меѓународната активност и ќе побараме да се стекнеме со статус на посматрач во рамките на Асоцијацијата на европските регулаторни тела. Можноста за тоа ни ја дава фактот што со усвојувањето на Законот за енергетика во најголем дел ја усвоивме и регулативата која е поврзана со имплементација на третиот енергетски пакет. За да се стекнеме со таков статус ќе треба да добиеме и позитивно мислење од Енергетската заедница, рече Бислимовски.
Претседателот на Претседателството на ЕРРА, Март Отс посочи дека асоцијацијата започна со работа во 2001 година како регионална, а со текот на времето прерасна во глобална.
– ЕРРА особено ја потенцира важноста на регулаторната независност посебно во периодот на големите промени во енергетскиот сектор и ги охрабрува регулаторите да продолжат и понатаму да работат во стабилни и предвидливи регулаторни рамки, рече Отс.
ЕРРА, со седиште во Будимпешта, е стручна асоцијација во која членуваат 33 земји членки и 10 придружни членки, чија главна цел е да ја зголеми размената на информации и искуства од областа на енергетиката меѓу своите членки, да ја подобри соработката меѓу енергетските регулатори, да ја подобри националната енергетска регулатива во земјите-членки и да го прошири пристапот до регулаторното искуство во областа на енергетиката ширум светот.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок