Македонија
22. јуни 2020 - 14:53

Во Скопје физички нападнати четири малолетни деца

Во Скопје се пријавени четири различни случаи на малолетни деца кои се физички нападнати од непознати лица. Во соопштенијата од МВР стои дека:

Денес во  00.40 часот во СВР Скопје, А.Р.(40) од Скопје пријавил дека на 21.06.2020 околу 22.00 часот пред продавница на ул. 393 во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од непознато лице. 

Вчера во 21.27 часот во СВР Скопје, Т.С.(39) од Скопје пријавил дека околу 20.45 часот во парк „Пушкин“ на ул.Пушкинова неговиот малолетен син бил физички нападнат од непознато лице. 

Од МВР информираат и дека вчера навечер во 22.30 часот во СВР Скопје, И.С.(33) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул. Ѓорѓи Казепов неговиот малолетен син бил физички нападнат со камен од друго малолетно лице. 

Исто така вчера навечер во  21,00 часот во СВР Скопје, Н.Д.(32) од Скопје пријавил дека  околу  20.30 часот во с.Студеничани,скопско неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.З.(19) и 17 годишен малолетник, двајцата од с. Студеничани. 

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.