Во Скопје активни 1699 случаи со КОВИД-19
Од регистрираните нови 101 случај на КОВИД-19 во државата, согласно денешните податоци на Институтот за јавно здравје, најголемиот број, 57, се од Скопје, со што вкупната бројка на заразени во главниот град достигна 2 498, а активни се 1 699.
Најголем број на активни случаи во Скопје, заклучно со вчера, и натаму се во општината Чаир- 384, потоа следат Гази Баба со 153, Бутел со 140, Центар 133, по 130 во Аеродром и во Сарај, 114 во Карпош. Во Кисела Вода има 95 активни КОВИД случаи, Ѓорче Петров – 77, Студеничани – 84, Шуто Оризари – 69, Арачиново – 55, Илинден – 30, Сопиште -13, Петровец и Чучер Сандево по 12, Зелениково-2, четворица се странци и пет нераспределени.
Во целата држава има вкушпно 2 942 активни случаи, а вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 5106. Оздравени се 1926 пациенти, а починати 238.
Ново на Сител
-
Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан
-
Предлог-законот за бранители останува заглавен во Собранието, следната недела се очекува седница
-
Македонија и Албанија се разделија на европскиот пат
-
Трамп, сепак, ќе се сретне со Зеленски во Њујорк
-
Бајден обезбеди итна воена помош за Украина вредна осум милијарди долари
-
ЕУ повикува на прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хезболах
-
Во Собранието седници на две комисии
-
Сончево и топло време до утре попладне