Македонија
9. December 2016 - 9:25

Во Скопје 19 сообраќајки, еден возач тешко повреден

Во текот на изминатите два дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 19 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешка телесна повреда се здобил еден возач на патничко моторно возило,  во 10 полесно се повредени 16 лица, а во осум причинета е само материјална штета.

Во средата се случиле 12 сообраќајни незгоди, од кои во шест со телесни повреди се здобиле 12 лица, а шест се со материјална штета.

Вчера се случиле вкупно седум сообраќајки, од кои во една со тешки телесни повреди се здобило едно лице, возач на патничко моторно возило, во две сообраќајки четири лица се здобиле со полесни телесни повреди и во две причинета е материјална штета.

Сообраќајната полиција открила и санкционирала двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, седум возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, осум возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и 22 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Затекнати се и 42 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 66 возила.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници учениците од второ и четврто одделение во ООУ„ Ј. Х. Песталоци“ во општина Бутел.