Македонија
9. May 2021 - 9:40

Во Скопје 121 сообраќаен прекршок, 64 за брзо возење

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64, седум за возење без возачка дозвола, 4 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

МВР денеска соопшти дека се изречени и пет санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), една санкции за некористење сигурносен појас и 24 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.