Свет
5. July 2016 - 18:24

ОН: Во Сирија и Ирак војуваат 30.000 терористи од странство

Во Сирија и Ирак се наоѓаат речиси 30.000 „терористи од странство“, изјави денеска висок официјален претставник на ОН, предупредувајќи дека се зголемува опасноста од терористички напади во нивните матични земји кога тие ќе се вратат назад.

- Бројот на странските терористи изнесува околу 30.000 во Сирија и Ирак, кои се зафатени од војна, истакна Жан-Пол Лаборде, помошник на генералниот секретар на ОН и началник на секторот за борба против тероризам.

Според него, со ослабување на Исламска држава, странските терористи се почесто се определуваат за враќање во своите домови во Европа, Тунис и Мароко.

Лаборде ги повика земјите во кои најчесто се враќаат терористите од Сирија и ирак да извршат „системски проверки, со цел да ги одвојат опасните повратници од оние кои не се тоа“.