Свет
28. August 2016 - 21:16

Во Сингапур 40 нови случаи на заболени од зика вирусот

Сингапур денеска пријави уште 40 нови случаи на заболени од зика вирусот, а речиси сите инфицирани се странски работници на едно градилиште.

Владата на Сингапур вчера соопшти дека е регистриран првиот случај на заболен од зика вирус, но денеска се регистрирани уште 40.

Не е познато дека заразените неодамна патувале во некоја земја погодена од зика вирусот, што укажува дека тие најверојатно се заразени во Сингапур. „Тоа потврдува дека дошло до инфекција во земјата и локална трансмисија на вирусот“, се наведува во соопштението од здравствените власти во Сингапур.