Свет
27. January 2016 - 14:55

Во Шведска регистриран првиот пациент од вирусот Зика

Во Шведска е регистриран првиот случај на вирусот Зика, соопштија денеска здравствените власти.

Но, здравствените власто се уште не гледаат опасност од распространување на болеста.

Во соседна Данска исто така е регистриран пациент заразен од вирусот Зика. Тој е туристи, кој неодамна пристигнал од Јужна Америка и во моментот се лекува во Универзитетската болница во Орхус.

Досега во Европа се регистрирани три случаи во Велика Британија, десет во Холандија, два во Швајцарија и четири во Италија. Инфицираните лица претстојувале во земјите на Јужна Америка.