Свет
3. March 2018 - 21:29

Во Швајцарија се одржува референдум за телевизиската претплата

Граѓаните на Швајцарија денеска на референдум одлучуваат дали ќе продолжат да плаќаат годишна претплата за државната телевизија и другите програми поддржани од Владата.

Референдумот за укинување на обврската за национална телевизиска претплата е спонзориран од заговорниците за слободен пазар и другите критичари, кои посочуваат дека граѓаните не би требало да ги плаќаат државните программи ако не ги гледаат или не ги слушаат.

Според минатогодишните анкети, поголемиот број Швајцарци биле подготвени за укинување на претплатата, но резултатите од најновите истражувања покажуваат дека околу две-третини од нив го отфрлаат предлогот.

Швајцарските домаќинства сега плаќаат годишно над 450 франци (околу 390 евра). Претплатата од следната година ќе биде намалена на 365 франци (околу 316 евра), но референдумот се заснова на принципиелно прашање дали воопшто граѓаните треба да плаќаат, а не станува збор за сумата.

Тие кои се залагаат за претплата, инсистираат дека Швајцарија мора да наплаќа повеќе бидејќи во државата има висок животен стандард и четири национални јазици.