Македонија
14. јуни 2021 - 11:05

Во штипскиот вакцинален пункт пристигнати 1.000 дози на „Фазјер“

 Во штипскиот вакцинален пункт од денеска почна аплицирање на прва доза на вакцини. Дијана Коцева-Миланова одговорен лекар на пунктот во салата „Јордан Мијалков“-Штип за МИА вели дека вчера пристигнале 1.000 дози од вакцината „Фајзер“, со што имунизацијата на населението може да продолжи во наредните два дена.

– Планирано е дневно да се имунизраат по 500 пациенти и тоа денеска и утре. Пациентите се сите закажани преку „Мој термин“ и се на возраст од 56, 57 и 58 години, а има и пациенти, кои претходно се откажале да ја примаат вакцината поради здравствени причини, вели Коцева-Миланова.

Во штипскиот вакцинален пункт изминатите две недели се вршеше само ревакцинирање на населението со втора доза од „Синофарм“, а во петокот заврши аплицирањето на втората доза на над 20.000 граѓани од источниот и југоисточниот регион.