Македонија
23. November 2020 - 14:27

Во штипскиот ковид – центар 24 пациенти во критична состојба

Во штипскиот ковид центар, опфаќајќи ги Инфективното и Кожното одделение се лекуваат 56 пациенти, а починати се два пациенти на возраст од 70 и 72 години од Берово и Радовиш.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека веќе направен е план за проширување на капацитетите, со ставање во функција и на интензивната кардиолошка соба, каде што ќе можат да се хоспитализираат шест помлади пациенти во тешка состојба.

-Во моментов на Инфективното одделение има 24 пациенти, кои се во тешка здравствена состојба, вели Ѓеорѓијев.

Посочи дека имаат соработка со новите ковид – центри и клиниките во Скопје за препраќање на пациентите во критична состојба, но се зависи од тоа дали има место и можност за нивно хоспитализирање. Досега ниту еден респитарор не е вклучен, а тимовите со медицински сестри се зајакнати со сестри од други оддели.

-Знаете дека ситацијата е тешка. Секој здравствен работник си ја врши својата работа, како што знае и умее. Помагаме на многу луѓе, тука сме за пациентите и барам да престанат овие препукувања и напади и секој оној кој мисли дека некаде е погрешено има соодветни институции и јас одговорно тврдам дека во нашата Клиничка болница се третираат по сите предвидени протоколи, вели Ѓеорѓијев.

Прашан дали припадниците на АРМ ќе го обезбедуваат ковид – центарот, Ѓеорѓијев со одговор дека засега нема такви информации.