Во штипската населба Сењак ќе се отстрануваат бесправно поставени лимени гаражи
Лимени гаражи, кои се наоѓаат на паркинг просторот или на други јавни површини ќе бидат отсранети од страна на општината, доколку нивните сопственици сами не си ги отстранат. Општина Штип веќе доставила решенија за отстранување на ваквите објекти на просторор кој е планиран за паркинг на новата детска градинка во штипската населба „Сењак“.
– На улицата „Анте Банина“ во населбата Сењак 4 отспротива новата детска градинка согласно Деталниот урбанистички план е предвидено и изградено паркиралиште за моторни возила. На паркинг просторот има бесправно поставено 14 лимени гаражи поради што паркингот не може да се користи за намената за која е изграден. Овластениот градежен инспектор на Општина Штип постапувајќи по пријава од граѓани донесе решение за нивно отстанување. Решенијата се во постапка на доставување на странките, стои во соопштението од локалната самоуправа
Претседателот на Урбаната заедница на населбата Сењак Никола Кангалов вели дека самите граѓани бараат да се реши овој проблем, во интерес на изградба на потребната инфраструктура, но и добивање нови зелени површини.
– Нашето барање до локалната самоуправа го упатуваме веќе две години да просторите кои се окупирани од лимените гаражи да се отстранат и да се направат детски игралишта и тревна површина. Се надеваме дека ќе се реализират, вели Кангалов.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација