Во Штип заврши проектот „Општо корисна работа“
Услугите од проектот „Општо корисна работа“, кој во Штип се спроведува четврта година по ред, ги искористија 1.800 деца, стари и изнемоштени лица.
Вања Џамбазова, советник за образование во општина Штип, изјави дека во рамките на проектот биле ангажирани 13 лица кои им помагале на старите и изнемоштени лица, но биле ангажирани и медицинска сестра во патронажната служба, социјален работник, физиотерапевт за потребите на Центарот за деца со посебни потреби, професор по физичко образование и медицинска сестра за дневниот Центар за деца со ауитизам.
- Услугата од страна на работно ангажираните лица ги добија околу 1.800 крајни корисници и тоа стари и изнемоштени лица, деца со посебни потреби, новороденчиња, мали и училишни деца. За првпат преку овој проект се воведе и веб алатката „Моја општина“, каде што граѓаните можеа да го искажат својот став за соодветно дефинирање на услугите, а преку кој се дизајнираше предлог проектот „Општо корисна работа“, рече Џамбазова.
Таа додаде дека во тек е и обука за негователи на стари и немоќни лица, по што лицата кога ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со меѓународен сертификат, со што ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор