Македонија
16. May 2016 - 16:04

Во Штип вечерва концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ

Македонскиот гитарист Влатко Стефановски заедно со Мирослав Тадиќ вечерва ќе одржи концерт во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, во рамки на манифестацијата „Уметничка пролет“ на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Стефановски и Тадиќ попладнево на работилница со студентите од Музичката академија во Штип им порачаа дека треба макотрпно да работат за да бидат бренд.

- Тие што не знаат, неможат  да заработат. Клучот на успехот е во знаењето.Тие што не знаат нема да заработат. По десет години максимално вложување во работата која ја работиш, стануваш бренд, рече Стефановски.

Тадиќ забележа дека балканската музика има богат ритам, а студентите посебно оние од Америка се заинтересирани за нејзино изучување.

- Јас имам многу работено со американски студенти, како ритам многу ја сакаат балканската музика. Нив  многу ги интересира оваа музика и некои од нив ја свират многу добро. А често пати ја комбинираат со ар-ен-би стилот и звучи одлично, изјави Тадиќ.

Во моментот двајцата виртоузи на гитара дуото Стефановски и Тадиќ се во подготовка на нов музички проект.