Во Штип трибина за млади претприемачи
Шеесетина млади претприемачи пред штипските студенти ги раскажаа своите приказни, како по дипломирањето успеале сами да почнат сопствени бизниси.
Трибината денеска ја организираше Инфо клубот при универзитетот „Гоце Делчев“- Штип. Координаторот на Инфо клубот, Ивана Стојанова вели дека целта на ваквите настани е да ги поттикнат и охрабрат младите лица и да им го покажат патот до сопствен бизнис. Таа истакна дека ваквите трибини и информации за можностите кои им се нудат на младите се потребни со цел да останат во државата, бидејќи анализите покажуваат оти еден дел во текот на студирањето или по дипломирањето заминуваат во странство.
Штипјанката Ивана Трендафилова пред студентите ја раскажа својата приказна како млад претприемач. Таа на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ дипломирала на архитектура и дизајн, пред една година создала сопствена фирма за украсување на простор за свечености. Ивана вели покрај бизнис идеја треба да имаш и капитал и поддршка од страна на семејство, а почетокот бил тежок, се соочила со нелојана конкуренција. Но сега вели дека сите проблеми ги надминала, а државата и помогнала и со една од мерките за самовработување.
- Од државата ја имам искористено мерката да неплаќам придонеси првата година, веќе и самата си ги плаќам. Но оваа мерка олеснува многу на почетокот, вели Трендафилова.
Младите претприемачи забележуваат дека на почетокот треба да се има верба во сопствената бизнис идеја, а потоа се се учи во текот на работењето.
Студентите денеска се информираа што им нуди граѓанскиот сектор, но и можностите за размена на студенти преку Еразмус плус програмата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација