Во Штип се собираат потписи за поддршка на родителите на деца со посебни потреби
Здруженијата на децата со посебни потреби во текот на викендов собрале над 20.000 потписи од граѓаните за законски измени, информираше на денешната прес-конференција Зоран Мијалков од Здружението „Сплотени срца“-Штип.
Родителите на децата со посебни потреби од денеска на Градскиот плоштад во Штип собираат потписи за поддршка за да им се исполнат барањата меѓу кои квалитени испитувања, терапии, отварање на дневни центри, стручен кадар и сместување на возрасните лица со посебни потреби по смртта на нивните родители.
- Потписите почнавме да ги собираме од 10 часот, и еве гледате дека само за половина час имаме собрано над 500 потписи. Вакви пунктови имаме во сите градови во земјава. Во Македонска Камениоца само синоќа за неколку часа се собрани над 600 потписи, вели Мијалков.
Родителите на децата со посебни потреби очекуваат да соберат над 150.000 потписи од граѓаните, кои потоа ќе ги достават до ресорните Министерства.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација