Македонија
8. March 2016 - 13:42

Во Штип се реконструира улицата „Вардарска“

Штипското комунално претпријатие „Исар“ почна со реконструкција на водоводната и канализациона мрежа на улицата „Вардарска“, која е приоритетна улица и се гради во неколку фази.

Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев  рече дека од денеска почнува втората фаза од реконструкцијата на оваа улица, која го поврзува централното градско подрачје со населбата „8 ми Ноември“ и индустрискиот дел на градот.

- Денеска започнуваме со вадење на коцката, која се наоѓа овде на улицата ќе почнеме и со капање за приклучок за водоводната мрежа на сите куќи кои се овде. Значи ќе има комплетно нова водводна линија во должина од 290 метри, ќе имаме исто така и нова канализациона линија, а исто така ќе изградиме и атмосферска мрежа со шест нови сливници, со што нема да дозволиме како порано водата овде да прави проблеми, рече Бојаџиев.

Реконструкцијата на водоводната, канализациона и атмосферска мрежа на улицата „Вардарска чини 2. 150.000 денари.Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Штип и од ЈП „Исар“. Откако ќе завршат активностите на штипското комунално претпријатие улицата „Вардарска“ ќе биде и проширена и асфалтирана, а за што општината веќе обезбеди средства и во тек се тендерските постапки.