Македонија
26. October 2020 - 16:39

Во Штип расте бројот на заразени но не меѓу текстилните работници

Над 200-те активни случаи позитивни на Ковид 19 повторно го вклучија алармот на штипските локални власти. Новите кластери не се во работните погони, но загрижува фактот што се повеќе корона вирусот се шири помеѓу пензионерите, учениците и студентите.

Очигледно е дека вирусот се шири не за време на работен ангажман и обврски на студентите, туку по пат на дружење надвор од работно време и работни обврски- изјави Јане Миланов, заменик градоначалник на Штип.

Поради позитивен наод на две воспитувачки и една негувателка, две групи на деца од претшколската установа „Сончогледи“ во штипската населба Сењак се во домашна изолација. Зголемениот број на позитивни случаи, а посебно на оние на кои им е потребно болничко лекување, ги пополни капацитетите на инфективното одделени во штипска клиничка, а слична е состојбата и во кочанската општа болница, каде од неодамна е отворено посебно Ковид одделение со 25 кревети.

Значи не почитувањето на мерките, зголемувањето на бројките ќе допринесе до еден друг проблем кој ќе биде многу пострашен- изјави Николчо Илијев, градоначалник на Кочани

На инфективното одделение во последните 5 дена починаа 7 пациенти од Штип,  Делчево, Кочани и Виница.