Македонија
8. January 2016 - 15:33

Во Штип почнува доставата на решенијата за данок на имот

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес конференција истакна дека почнува достава на решенијата за данокот на имот до домаќинствата.

Вработени од Општина Штип на 16.000 домаќинства во градот во текот на наредните денови ќе им ги испорачаат решенијата.

- Данокот на имот е голема обврска на граѓаните на Штип затоа што тие пари се слеваат во буџетот на општината и претставуваат голема ставка во буџетот. Тие пари ние индиректно ги враќаме на граѓаните како инвестиции во населбите каде што живеат. Сакам да кажам дека мојот пример ќе го следат службениците во општинската администрација и во јавните претпријатија, рече Захариев.

Тој истакна дека минатата година во буџетот од данокот на имот се реализирани 20 милиони денари или наплатата изнесувала околу 80 проценти.

Павле Митов од Одделението за финансии во Општина Штип апелира граѓаните да си го платот долгот од минатата година, со цел да не се случи присилна наплата.