Во Штип одбележани 79 години од бомбардирањето
Во Штип денеска се одбележа 79- годишнината од бомбардирањето на градот во Втората светска војна, од страна на фашистичкиот окупатор.
Поради вонредната состојба и ситуацијата со вирусот Ковид 19, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски придружуван од двајца членови на Сојузот на борци во Штип, положија цвеќе пред споменикот кај Народниот театар.
–Пред 79 години градот бил нападнат од фашистичкиот окупатор, од германските борбени авиони кои го уништиле градот и имало многу човечки жртви. Изразуваме почит кон оние кои ги дале своите животи во минатото, со една единствена цел, да имаме слободна, независна и суверена држава, тоа што го денеска имаме, вели Бочварски.
Тој истакна дека по 79 години од бомбардирањето на Штип, денес нашата земја е членка на НАТО алијансата, најсилниот гарант за стабилноста и безбедноста на државата.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители