Македонија
3. May 2017 - 16:26

Во Штип одбележани 16 години од загинувањето на бранителите Димитар Двојаковски и Влатко Петров

Пред 16 години во селото Ваксинци во воениот конфликт во 2001 година загинаа македонските бранители Димитар Двојаковски и Влатко Петров од Штип. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов информираше дека денеска делегација на Општина Штип  положи цвеќе на нивните вечни почивалишта.

- Нивниот пат, односно губењето на нивните животи е опомена за сите нас никогаш да не се потвори тоа што се случи во таа 2001 година, дека треба да го цениме животот, пред се суверинитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија и секогаш да ја паметиме нивната жртва дека своите животи ги дадоа за Република Македонија, вели Ристов.

Делегација на Општина Штип  цвеќе положи и на споменикот на бранителите, кој се наоѓа во паркот Суитлак.