Во Штип одбележани 144 години од раѓањето на Гоце Делчев
Во штипско Ново Село, каде што учителствувал Гоце Делчев, денеска беа одбележани 144 години од неговото раѓање. Во дворот на Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“, каде што се наоѓа Спомен-релјеф и неговиот споменик, цвеќе положија градоначалникот на Штип Илчо Захариев, ректорот Блажо Боев, делегации на институции кои го носат името на Делчев, претставници на Општинската организација на Сојузот на борци и на политички партии.
- Есента 1894 година Гоце Делчев добил учителско место во штипско Ново Село, каде што веќе учителствувал Даме Груев. Делчев влегол во редовите на Внатрешномакедонско-
Ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев на денешното чествување на 144 години од раѓањето на Делчев истакна дека траен спомен за дејноста и за величината на Делчев за македонскиот народ и нација е тоа што Штипскиот универзитет го носи неговото име.
- Универзитетот со гордост и пиетет го носи името на Гоце Делчев и се што досега правиме е во права насока за тоа што тој го замислил за своите идеи, во својата младост, револуционерно делување во поглед на тоа што треба да биде македонскиот народ за својата култура, идентитет и во своето образование, рече Боев.
Тој посочи дека годинава, покрај реализиацијата на некои инфраструктурни проекти, главен акцент ќе биде ставен на студентите и на нивното квалитетно образование на факултетите на Универзитетот.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми