Македонија
24. September 2018 - 13:25

Во Штип на референдумот ќе се изјаснат 29 болни и инвалидизирани лица

Во сабота на еден ден пред референдумот закажан за 30 септември, своето право на глас ќе го искористат вкупно 29 болни и инвалидизирани лица.

Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК) - Штип, Сенка Андреева вели дека за разлика од локалните избори минатата година, бројката на болни и инвалидизирани лица е помала за околу 100 лица.

Таа забележува дека членовите на Избирачките одбори на 29 септември ќе ги посетат болните и инвалидизирани лица, за да го остварат своето право на глас во домашни услови.

Андреева информира дека пристигнат е и недоверливиот материјал, како што се гласачките кутии и паравани, а доверливиот материјал, како што се гласачките ливчиња, списокот на гласачи и останатиот материјал ќе пристигне 48 часа пред гласањето.