Македонија
10. April 2018 - 15:23

Во Штип младите од Македонија и Шведска разменуваат искуства

Млади од Македонија и од Шведска седум дена се во Штип и ќе посетат уште неколку општини во источниот регион. Проектот се реализира преку Еразмус плус Програмата, а целта е да се разменат искуства меѓу младите од двете земји.

Сања Стефанова, координатор на проектот вели дека првата активност им е заедничка работилница во Штип на која младите зборуваа за среќата и споделуваа искуства за подобрување на животот на младите.

- Темата на еднодневниот тренинг е „Сигурна европска младина“ каде што 20 учесници од Македонија и Шведска земаа учество и главните точки на кои што, ние се осврнавме се нивните комуникациски вештини, нивните лидерски вештини, вели Стефанова.

Сесилија Нелсон, претставник од Шведската младинска организација вели дека Програмата е многу успешна и едукативна за младите.

- Оваа недела се одвива Еразмус плус размена. Проектот е во согласност со К1 програмата за промоција, запознавање и синхронизирање на културните разлики. И запознавање подобро на државите Шведска и Макдеонија, рече Нелсон.

Проект е во времетраење од седум дена, а гостите ќе имаат можност да посетат неколку градови од регионот.