Бизнис
19. February 2018 - 22:06

Во Штип ќе се гради водоводна и канализациона мрежа

ЈП „Исар“ и општина Штип започнуваат со најголемиот капитален проект во претстојните 3 години. Станува збор за инвестиција од 20 милиони евра, средства од ИПАРД програмата, обезбедени преку Министерството за животна средина.

- Околу 10 милиони евра се наменети за изградба на нови водоводни и канализациони мрежи и рехабилитација на старите, а 10 милиони евра за изградба на пречистителни станици-изјави Јасминка Пелтешева, ЈП „Исар“-Штип

Проектната и тендерска документација е во завршна фаза и се очекува Министерството во текот на оваа година да објави тендер за изведувач на градежните активности. Бидејќи, во претстојниот период јавното претпријатие ќе нема дополнителни трошоци за овие намени, цената за отпадните води останува непроменета, односно 12 денари за метар кубен за домаќинствата и 23 денари за правни лица.

- Наша проценка беше дека, граѓаните не треба да ги оптеретуваме дополнително со трошоците за зголемување на урбаните отпадни води- додаде Пелтешева

Пречеистителната станицата ќе се гради за заштита на водите на река Брегалница, кај Калимерово, на површина од 4 ха.