Македонија
31. March 2016 - 13:21

Во Штип доставени над 1.100 нови барања за легализација на дивоградби

Во Општина Штип до денеска се доставени дополнителни 1.178 барања за легализација на бесправни изградени објекти, а во текот на денот се очекуваат и дополнителни апликации, информираше портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов.

- Со оние над 10.400 барања на кои општината работи, практично во вкупно се поднесени околу 12.000 барања за легализација на дивоградби, вели Ристов.

Според анализите на урбанистите во Штип, досега од над 10.400 дивоизградени објекти, надрградби и доградби легализирани се околу 60 отсто. Ристов апелира граѓаните навреме да ги комплетираат барањата со геодетски елаборати, со цел општинската администрација да работи на предметите, а граѓаните да добијат имотни листови за своите објекти.

Законскиот рок за комплетирање на барањата со геодетски елаборати или лични документи за легализација на дивоградбите истекува на крајот од годината.