Македонија
5. May 2017 - 19:23

Во Штип бесплатен курс по француски јазик

Заврши пријавувањето за бесплатниот курс по француски јазик, информираше денеска Соња Манева од Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“-Штип.

Манева соопшти дека до денеска за изчување на францускиот јазик се пријавиле 30 штипјани на различна возраст, а бесплатниот курс ќе се реализира во просториите на библиотеката.

- Бесплатниот курс по француски јазик е дел од проектот „Француски учиме, македонски читаме, културно развиваме и спојуваме“ од областа на европските интеграции. Курсот ќе почне на 10 мај и ќе трае до 10 јуни. На крајот учесниците ќе добијат сертификат за изучување основно ниво на француски јазик, рече Манева.

Бесплатните курсеви по француски јазик ќе ги реализираат двајца наставници. Манева истакна дека на крајот од летото ќе се одржи и книжевено-музички перформанс на француски јазик.