Македонија
10. January 2017 - 20:01

Во Штип акција за 20 семејства и стари и изнемоштени лица

Центарот за социјални работи од Штип во соработка со Општинската организација на Црвениот крст, посетија 20 –тина семејства со стари и изнемошени лица и социјално загрозени и им поделија пакети со храна, хигинески средства, ќебиња и душеци. Акцијата е по препорака на Министертвото за труд и социјала и е дел од владините мерки за реакција во вонредни состојби, конкретно, поради екстремно ниските температури.

-Центарот за социјална работа излезе на терен во четвртокот, ги посети сите семејства кои што ни се во ризик. Баравме истите да се изјаснат дали сакаат да бидат згрижени во период од 7 дена. Најголемиот дел кажаа дека не сакаат да бидат згрижени-изјави Наталија Панова- директор на Центарот за социјални работи – Штип

Засега само едно лице од соседната општина Радовиш побарало да биде времено сместено во средношколскиот интернат. Се работи за 67 годишниот Андреј Белушков, кој вели дека за него нема кој да се грижи.

-Добро ми е овде, имам каде да се засолнам. Јадење има- изјави Андреј Белушков од Радовиш

Утре акцијата ќе продолжи и во руралните средини во штипскиот, карбинскиот и лакавичкиот регион.

-Таму имаме околу 20 семејства кои треба да добијат ваква помош-изјави Никола Камчев, секретар на ОО Црвен крст-Штип

Центарот за социјални работи постојано контактира и ги посетува овие семејства и им излегува во пресрет на нивните потреби.