Во Шпанија за три недели двојно зголемен бројот на новозаболени лица од Ковид-19
Во Шпанија по укинување на повеќемесечните рестриктивни мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19 расте бројот на новозаболени лица.
Според шпанските здравствени власти бројот на нови случаи кон крајот на јуни изнесуваше осум на 100.000 жители, кога беше укинат карантинот, сега е 27 на 100.000 жители.За време на викендот во
Шпанија регистрирани се 4.581 новозаболени лица, со што вкупниот број на инфицирани лица со новиот коронавирус се искачи на 264.836. Досега во земјата починаа 28.000 луѓе.
Откако во Шпанија се ублажија или укинаа рестриктивните мерки и граѓаните се вратија на секојдневниот живот се појавија околу 200 нови жаришта, со големи концентрации на заразени лица во каталонските градови Барселона и Леиде.
– Жариштата се појавија таму каде ги ублаживме мерките. Зборуваме за големи семејни прослави и посетите во ноќните клубови, изјави шпанскиот министер за здравство Салвадор Ила.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж